Dva Bisera

Dva Bisera

НА НЕКОЛКУ КИЛОМЕТРИ ОД ОХРИД

УЖИВАЈТЕ ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА ЕЗЕРОТО

25 години подоцна, илјадници гости, милиони послужени чинии и чаши и безброј незаборавни моменти со вас, со полно срце го прославуваме нашиот мал јубилеј во Лагадин. На едно сончево утро на 1 јуни во 1997 година ги отворивме ширум вратите на нашиот хотел и ресторан.


    Сопствена плажа

    На малите каменчиња, уживајте на лежалка и чадор на нашата мини плажа

    Гастрономија

    Препуштете се на магијата на нашите шефови кои секогаш ќе ве изненадат

    Активности

    Охридскиот регион нуди бескрајни можности за рекреација крај езерото или на височините на Галичица

    Двор за најмалите

    Затксриени од метежот и автомобилите, имаме подготвено и мало катче за најмалите гости во нашиот хотел

    Што нудиме?

    Oд затскриениот Лагадин, на главниот пат кој води кон Пештани и Свети Наум, се наоѓа нашиот мал хотелски комплекс, полн со позитивна енергија и гостопримливост. Двете мали хотелски вили нудат вкупно 11 соби и апартмани, од кои 4 од нив се со поглед на Езеро, додека останатите ги полнат очите со падините на Галичица.

    Без разлика дали барате неколку денови за одмор во лето, пролет, есен или зима, ние сме убедени дека нашето гостопримство нема омилена сезона. Посетете нè и дозволете му на езерото повторно да ја погали вашата душа. 

    Студија и апартмани

    Имаме просторни капацитети за мали и големи семејства!

    Појадок

    Во секое ноќевање е вклучен појадокот, а опционална е вечерата.

    Лежалка и чадор

    За сите наши гости имаме обезбедено лежалка и чадор на нашата мини плажа веднаш спроти хотелот.

    Локална гастрономија

    Вкусете ги највкусните локални состојки, одгледани во 100% природна околина.

    Соби и апартмани

    11 просторни и топли соби и апартмани се наоѓаат во двете хотелски вили. Од нив, 4 се со поглед на езерото, а останатите имаат страничен поглед на охридскиот бисер и планината галичица.

    Соба со поглед на езеро

    Двокреветни или трикреветни соби во кои ваш верен придржник ќе бидат мирните бранови на езерото и погледот кој ќе ве обземе!

    Соба со поглед на планина

    Двокреветни или трикреветни соби со поглед кон внатрешноста на хотелскиот комплекс.

    Апартман

    Погодни апартмани за четиричлена или погоолеми семејства, лоцирани на приземје или на вториот кат од втората хотелска вила.